Кошаркарскиот клуб Барселона е подготвен да му понуди договор на тренерот на Зенит, Хави Пасквал.
Шпанскиот клуб го разгледува Пасквал како прв кандидат за тренерската позиција за следната сезона. Според пишувањето на весникот „Мундо Депортиво“, Барса е подготвена да му понуди на 51-годишниот шпански стручњак тригодишен договор вреден 4,5 милиони евра.
Каталонците решија да го отпуштат Роџер Гримау, откако тимот беше елиминиран во полуфиналето на АЦБ лигата и 1/4 финалето од Евролигата.
Можни кандидати за замена се и Јака Лаковиќ и Серхио Скариоло.