Баерн Минхен успеа да оствари важен резултат вечерва и да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Посебно среќен по извојуваната победа беше Хари Кејн, за кого и репортерката примети големо задоволство и насмевка, на што му посочи дека тоа се гледа по неговото лице.
– Неверојатна победа, ова е тешка сезона за нас, затоа ова ни беше прекупотребно. Моравме да се бориме и да се избориме, знаевме дека ќе биде тежок натпревар, но направивме разлика со нашите фанови.
Одличен гол од Џошуа, уживавме во него, се радуваме и на чистата мрежа и ќе уживаме во пласманот во полуфиналето. Вакво темпо можеби ни беше потребно во Бундеслигата, но тоа можеби ќе го имаме следната сезона, порача Хари Кејн.