Хаос во Париз на денот на отворањето на Игрите: Пожари на сите страни!

Бранот подметнати пожари врз железничката мрежа на Франција предизвика вистински хаос во Париз пред вечерашното отворање на Олимписките игри.

Во текот на ноќта избувнаа пожари на клучните инсталации, поради што возовите запреа и железничкиот сообраќај запре, што доведе до хаос меѓу навивачите и туристите во француската престолнина.

Францускиот министер за транспорт Патрис Вергриет изјави дека се извршени низа „координирани злонамерни дејствија“ со серија пожари.

Нападите се фокусираа на мрежата на брзи возови TGV која ја покрива цела Франција и ќе биде клучна мрежа за навивачите и гледачите кои доаѓаат на Олимпијадата.
„Ова е масовен напад од големи размери за да се парализира мрежата на ТГВ. Многу рути ќе мора да бидат откажани, а ситуацијата ќе трае најмалку цел викенд додека се вршат поправките“, се вели во соопштението.

За нападите ќе биде отворена кривична истрага, но засега не се знае кој стои зад нив.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО