Халеп се враќа на Мастерсот во Мајами

Некогашната светска тенисерка број 1, Романката Симона Халеп, доби покана за настап на Мастерс турнирот во Мајами што започнува на 17 март.

Организаторите објавија дека на Романката и дале „вајлд-карта“ за главниот турнир, откако пред неколку дена и беше укината четиригодишната суспензија поради допинг.

Халеп, побдничката на Ролан Гарос  2018 и на Вимблдон 2019-та, се жалеше на казната до Спортско арбитражниот суд (САС) по што и беше намалена на девет месеци.

– Возбудена сум што можам да објавам дека ќе им се вратам на ВТА турнирите, за две недели на Мајами опен. Му благодарам на турнирот што ми ја даде таа можност и едвај чекам да се вратам на теренот и да се натпреварувам, напиша Халеп на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО