Масовната „мобилизација“ на навивачите на Хајдук на почетокот од годината не престанува. Откако сплитскиот клуб лани ја проби границата од 100.000 членови, годинава ги има веќе 90.000, и тоа во втората недела од февруари.
Клубот ја објави таа бројка на социјалните мрежи со описот: „Со еден збор, толку многу љубов. Веќе 90.000 членови ја покажаа својата наклонетост кон Хајдук во „роденденскиот месец“.
Хајдук на 13 февруари ќе прослави 113 години. Од 1 јануари навивачите веќе уплатиле над 1.430.000 евра членарина на клубот.