Секогаш кога има пауза за репрезентативните настапи, менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиоласе соочува со проблеми по враќањето на играчите. Така е и овојпат, пред неделното големо дерби со Арсенал, кој годинава игра во фантастична форма.
Сити нема да настапи со најсилниот состав бидејќи Пеп не ќе може да смета на Едерсон и на Џон Стоунс, се повреди и Кајл Вокер, а под голем знак прашалник е настапот на Џек Грилиш и на Кевин Де Брујне.
По враќањето во клубот од своите репрезентации на повреди се пожалија Бернардо Силва, Ерлинг Халанд, Рубен Дијас и Аканџи, но според последните информации тие би требало да бидат спремни за игра.
Во секој случај, Гвардиола има сериозни проблеми околу составот пред една од најважните средби сезонава во Премиер лигата. Дербито ќе се игра на „Итихад“ во недела, од 17.30 часот.