Гвардиола по седмиот пораз на Сити на 10 натпревари: „Најдобри сме, ми се допаѓа како играме“!

Кризата во Манчестер сити се продлабочи во Торино каде што освојувачот на Лигата на шампиони (ЛШ) од пред две години загуби по седми пат во последните 10 натпревари.

Јувентус победи со 2:0 со головите на Душан Влаховиќ и на Вестон Мекени по што избраниците на Пеп Гвардиола имаат само осум бода по шестиот натпревар во ЛШ сезонава.

Четирикратните шампиони во низа во Премиер лигата се на 22. место во ЛШ, и имаат уште два натпревара во групната фаза, на гости кај ПСЖ и дома против Бриж.

По уште еден лош резултат Гвардиола вака го прокоментира натпреварот. „Игравме многу, многу добро. Горд сум на моите играчи, тие го дадоа максимумот. Тешко е во Европа.

Игравме навистина добро. Ние сме најдобри, го сакам мојот тим и начинот на кој играме. резултатите не можат да ме убедат, напротив“, изјави менаџерот на Сити и додаде:

„Целта е да напредуваме. Ни треба бод, три бода. Имаме два натпревара пред нас. Нема да го заборавиме овој период откако ќе го оставиме зад нас“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО