Гвардиола откри што посакувал од мечот Тотенхем – Арсенал

Манчестер Сити успешно го мина гостувањето кај Нотингем форест, од каде се врати со три бода (2:0).

Во битка за титулата, Сити се уште ја има ситуацијата под контрола, бидејки се во бод заостанување зад лидерот Арсенал, кој денеска го победи Тотенхем на гости во дербито на колото, но „граѓаните“ имаат и натпревар повеќе кој го чуваат како џокер.

Но победата во Нотингем форест, Манчестер сити најверојатно скапо ќе ја плати, бидејки еден од нивните клучни играчи заработи повреда, станува збор за голманот Едерсон.

– Воопшто не изгледа добро, ќе видиме што ќе кажат утре прегледите и лекарите, порача Гвардиола.

Тој помалку и срамежливо, прашан околу мечот Тотенхем – Арсенал, истакна дека потајно навивал Тотенхем да освои бодови.

– Вистина е, посакував кикс на Арсенал, има пред нас уште четири натпревари, верувам дека ќе одат до крај, како и ние, така да, се зависи од нас, се надоврза Гвардиола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО