Грците ќе ги вратат навивачите на стадионите на 7 март

Поради ескалацијата на насилство и убиството на полицаецот пред одбојкарскиот натпревар меѓу Панатинаикос и Олимпијакос, грчката влада во декември ги затвори сите фудбалски стадиони во земјата.

Два месеци подоцна, полека се создаваат условите навивачите да се вратат на трибините, но со далеку поголеми безбедносни мерки.

Тој момент ќе се случи на 7 март.

Од тој ден, на ниту еден стадион нема да му биде дозволено да биде домаќин со публика, доколку нема камери кои ги покриваат сите агли на спортскиот објект. Тоа беше еден од првите и најважни услови за сите клубови, за враќање на навивачите.

Покрај задолжителните камери на секој стадион, купувањето билети ќе биде поригорозно и во иднина ќе се врши исклучиво по електронски пат.

„Спортот ги зближува луѓето, а не ги дели“, е пораката на министерот за спорт во Владата на Грција, Јанис Врутсис, кој го објави датумот на враќање на навивачите.

Ден пред отворањето на стадионите, односно на 6 март, ќе бидат прегледани сите стадиони, а доколку се утврдат недостатоци во поставувањето на системите за надзор, на тој стадион нема да добие дозвола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО