ГРК Охрид го совлада Алкалоид и се поблиску до второто место

Ракометарите на Охрид славеа во Скопје на првото дерби од 29. коло во Суперлигата против екипата на Алкалоид со 26:27.

Ова беше прва победа на оххриѓани на дербито во Скопје со што гостинскиот состав ја запиша и 23-тата победа со која се искачи на второто место на табелата, очекувајќи ја разврската на четврточниот дуел меѓу Вардар и Е. Пелистер во кој доколку гостите од битола загубат, Охриѓани ќе останат сами на втората позиција на табелата.

Пилиповиќ имаше 10 интервенции на голот на Охрид, додека Јасухира постигна 7 гола. Кизиќ имаше 8 интервенции кај Алкалоид, а Дамјан Митев беше најефикасен со 6 гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО