Фудбалерот на Баер Леверкузен, Алекс Грималдо, вели дека треба да се интензивира борбата против расизмот во спортот а посебно во фудбалот. Тој како пример го посочи бразилскиот напаѓач на Реал мадрид, Винициус Жуниор, кој речиси во континуитет е жртва на расистички потези од страна на навивачите.
– Не е многу пријатно да се погледне. Мора да продолжиме да се бориме да го искорениме расизмот за да не му се случи тоа на Винисиус или на кој било друг играч – изјави дефанзивецот на Баер Леверкузен и на Шпанија.