„Граѓаните“ и „нероаѕурите“ речиси со цели состави ќе бидат на ЕП

Англискиот шампион Манчестер Сити и италијанскиот првак Интер, ќе имаат најмногу фудбалери на претстојното Европско првенство 2024 година во Германија. Двата клупа ќе имаат по 13-ет.

Од премиер-лигашот ќе настапат Фил Фоден, Џон Стоунс, Кајл Вокер (Англија), Рубен Диас, Бернардо Силва, Матеус Нунес ( Португалија), Кевин Де Бруин, Џереми Доку (Белгија), Јошко Гвардиол, Матео Ковачиќ ( Хрватска), Родри (Шпанија), Мануел Акаџи (Швајцарија) и Нејтан Аке (Холандија). Од екипата на Интер ќе бидат присутни: Николо Барела, Алесандро Бастони, Федерико Димарко, Давиде Фратези, Матео Дармијан (Италија), Бенџамин Павард, Маркус Турам

(Франција), Хакан Чалханоглу (Турција), Дензел Дамфрис. Стефан де Вриј (Холандија), Кристијан Аслани (Албанија), Јан Зомер (Швајцарија) и Марко Арнаутовиќ (Австрија).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО