Угледниот Скај Спорт Нјус попладнево носи вест поврзана за македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски.
Како што пренесува нивниот репортер Марк Бенстед управата на Абердин ја одредила цената по која може да си замине Македонецот од клубот.
Како што се наведува таа изнесува 5 милиони фунти колку што е клупскиот рекорд кога беше продаде Калвин Ремзи во Ливерпул.
Миовски новата година ја започна со гол во вчерашната победа, што беше 15-ти сезонава.
Како што се наведува клубови од Италија, Германија и Шпанија веќе пројавиле интерес, но се уште се чека конкретна понуда.