Екипата на Гостивар ангажираше уште едно звучно засилување во своите редови, а овојпат станува збор за напаѓач.
Станува збор за 32-годишниот интернационалец од Хрватска, Петар Слишковиќ кој има и настапи за У-21 селекцијата на Хрватска.
Слишковиќ има завидно бундеслигашко искуство со оглед на тоа што има играно за Маинц, Дуисбург, Ст.Паули, Динамо Дрезден, Штутгард Кикер.
Има настапувано и за Арау во Швајцарија, а последните два клуба му се во Индија.