Ѓоргиев: Најважно е добро да се подготвиме и од никого да не се плашиме на ЕП

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ги почна подготовките за Европското првенство 2026 што ќе се одржи од 9 до 26 септември во четири земји: Бугарија, Финска, Италија и Романија.

Нашата селекција е во групата Б заедно со Бугарија, Израел, Полска, Португалија и Украина.

Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски ќе бидат 11 дена во Крушево, и ќе одработат 20 тренинзи со посебно внимание на физичката подготовка и индивидуалната техника, а потоа ќе продолжат со работа во Скопје.

Селекцијата според распоредот на 7 септември наутро патува за Софија, додека два дена подоцна против домаќинот и еден од организаторите Бугарија го отвора настапот на ЕП 2026.

Ние сме моментално на 29 место на европската лига, бидејќи сега се вратија Русија и Белорусија. Така што, сонуваме, ќе се бориме, ќе патиме заедно, и мислам дека ќе успееме да ја израдуваме македонската нација. Најважно е добро да се подготвиме и од никого да не се плашиме – вели нашиот репрезентативец Ѓоргиев.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО