Галатасарај се откажа од трансферот на Леао

Поради тоа што официјалната понуда на Галатасарај од 35 милиони евра беше одбиена од Милан за Рафаел Леао, турскиот клуб го насочи вниманието кон друга цел за левото крило Арсенал Габриел Мартинели.

Бразилецот е во последната година од договорот со лондончани, што значи дека може да си замине ова лето, за да не се ризикува неговото заминување без отштета наредната година.

Иако главната цел на Галатасарај е трансферот на Леао, тоа изгледа тешко, бидејќи Милан не прифаќа никаква понуда под 50 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО