Лина Ѓорческа со голем пресврт успеа да ја победи Ариен Хартон и да влезе во четврфиналето на турнирот кој се игра во Фигеира де Фоз, (Португалија) за награден фонд од 100.000 долари.
Нашата тенисерка откако го загуби првиот сет со 6:4, успеа да влезе во победнички ритам и во наредните два забележа сигурна победа против Холанѓанката со 6:2 и 6:3. Ѓорческа сега ќе го чека победникот од пресметката меѓу Инглис од Нов Зеланд и Марино од Канада.