Нашата тенисерка Лина Ѓорческа имаше успешен старт во игра на двојки на турнирот во Копер, Словенија. Таа во двојка со својата партнерка, Романката Андреа Миту во првото коло беа подобри од чешкиот пар Бервид/ Хридникова со 2-0, по сетови 6-3 и 6-2.
Во второто коло Ѓорческа и Миту за противник ќе имаат чешко/украинскиот пар Себестова/Соболева. Ѓорческа во сингл во првото коло за противник ќе ја има Романката Анка-Алексија Тодони.