Ѓорческа одлична против Марченко, утре ќе игра финале за титула во Рим

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа дојде до победа и забележа голем успех оваа сезона, откако во утре (недела) ќе игра ново финале на еден ИТФ фјучрс турнир.

Ѓорческа своите одлични настапи во Рим ги круниса со меч за титулата, откако во денешното полуфинале по голема борба ја совлада тенисерката од Хрватска, Петра Марчинко. Ѓорческа го загуби првиот сет со 5:7, но потоа одигра одличен втор сет кој го доби со 6:2 за израмнување на 1:1 во сетови.

Во треттиот решавачки сет Ѓорческа одигра одлично и на противничката и дозволи да освои само 1 гем (6:1) за Ѓорческа што значеше конечна победа и пласман во финалето. Противник на Лина Ѓорческа во утрешното финале ќе биде најголемото изненадување на турнирот Оксана Селехметева од Русија (415. тенисерка на светот) која беше подобра од втората носителка на турнирот, хрватската тенисерка Бошковиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО