Горан Здравков и Брегалница се договорија спогодбено да ја прекинат соработката

Фудбалскиот клуб Брегалница спогодбено се раздели со шефот на стручниот штаб Горан Здравков, по серијата негативни резултати на тимот во пролетниот дел од сезоната. Брегалница во последните шест натпревари е без победа, со четири порази и само две ремија, поради што од морални причини следи повлекувањето на Здравков од тренерската функција а во насока на позитивен импулс за тимот и фудбалски Штип во битката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

-Од морални причини се повлекувам од тренерската функција во Брегалница, затоа што искрено чувствувам дека сето тоа е единствено решение во интерес на клубот и градот кои заслужуваат далеку повеќе од својот миленик. Силно верувам во овој тим и фудбалерите на Брегалница за кои знам дека можат и мораат многу повеќе. Од срце им посакувам до крајот на сезоната да се изборат за целите и амбициите кои беа зацртани со стартот на сезоната, на радост на најверните навивачи на клубот – вели Здравков по повлекувањето од тренерската функција.

Наредните денови раководството на Брегалница се очекува да го официјализира наследникот на Здравков пред кого ќе е задача да се избори за опстанок во елитното друштво.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО