Осум години откако Гарбине Мугуруза го освои Ролан Гарос, реши да донесе неочекувана одлука и да се повлече од активното играње тенис.
Иако пред неколку години таа ветуваше многу, дури и дојде до ВТА врвот во 2017 година, но од таа година наваму, таа бележи многу слаби резултати.
По серијата последни слаби резултати, Мугуруза реши да ја заврши својата кариера. Шпанската тенисерка својот последен меч го одигра во февруар 2023 година, по проблемите со повредите.
– Дојде време да кажам збогум. Имав долга, содржинска и убава кариера, но сега е време да се повлечам и да отворам ново поглавје во својот живот, порача Мугуруза и додаде:
– Одлуката ја носев малку по малку, со време. Овие месеци кои ги минав надвор од тенисот, многу ми помогнаа да сфатам дека требаше да ја завршам кариерата и со раширени раце да прифатам тоа што ми доаѓа после ова. Сфатив дека најмногу што сакам во животот е тоа што ми доаѓа по завршување на професионалната кариера, се надоврза Мугуруза.