Во Премиерлигата редовно е драматично во финишите од натпреварите, а попладнево на стадионот на Нотингем Форест гледавме голема драма.
Ливерпул успеа да оствари победа на ова гостување во последните секунди од натпреварот, иако мечот беше продолжен за 8 минути, но сепак „црвените“ дојдоа до ситуација да ја затресат мрежите на домаќините.
Ливерпул имаше теренска иницијатива цел натпревар и свои шанси, но до 90 минута не ги искористија, па тоа им појде од нога во 98. минута, кога на асистеција од Мекалистер, Дарвин Нуњез погодува за големи три бода за Ливерпул на табелата, со кои сега се на +4 во однос на Сити, кои утре имаат дерби со Јунајтед.
Од останатите натпревари:
Брентфорд – Челси 2:2
Евертон – Вест Хем 1:3
Фулам – Брајтон 3:0
Њукасл – Волвс 3:0
Тотенхем – Кристал Палас 3:1
GOAL 🚨 🚨 𝗦𝗖𝗘𝗡𝗘𝗦: Darwin Núñez scores to winning goal for Liverpool in the dying moments of the game.pic.twitter.com/562Wcvdwrd
— DaveOCKOP (@DaveOCKOP) March 2, 2024