Ѓоковиќ во дилема околу настапот во Торино!

Новак Ѓоковиќ изјави дека сè уште не одлучил дали ќе игра на завршниот турнир во Торино, и покрај тврдењата на организаторите дека неговото учество е сигурно.

По победата над Алехандро Табило со 7:6, 6:1 на турнирот во Атина, Ѓоковиќ изјави дека сè уште не одлучил дали ќе игра во Италија, иако тенискиот функционер Анџело Бинаџи претходно тврдел дека неговото учество е сигурно.

„Не знам од каде ја добил таа информација. По завршувањето на овој турнир ќе одлучам дали ќе играм во Торино,“ изјави Ѓоковиќ на прес-конференцијата.

Српскиот ас веќе обезбеди место на завршниот турнир благодарение на резултатите во текот на сезоната, но се чини дека размислува за одмор пред настапите на Дејвис купот.

Ѓоковиќ досега шест пати го има освоено завршниот Мастерс, а минатата година триумфираше токму во Торино. Сепак, неговата неизвесност внесува дополнителна доза интрига во пресрет на турнирот, кој традиционално го затвора тенискиот календар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО