Така ја опиша својота игра Новак Ѓоковиќ во полуфиналниот меч против Јаник Синер на Австралија опен што го загуби со 1:6, 2:6, 7:6, 3:6.
Ѓоковиќ, светскиот рекет број 1, направи 54 неизнудени грешки и не успеа да освои ниту еден брејк гем на сервис на противникот, а загуби пет на својот сервис.
За прв пат во кариерата 10-кратниот шампион доживеа пораз во полуфиналето на Австралија опен. Ова беше и прв пораз за Србинот од 2018 година, со што стави крај на победничката серија од 33 натпревари.
По натпреварот, тој му ја честиташе заслужената победа на Италијанецот.
– Синер одигра одличен натпревар, воопшто, игра одлично на турнирот. Заслужено е во финалето. Денеска целосно ме надигра, рече тој на прес-конференцијата.
Ѓоковиќ, освојувачот на рекордните 24 грен-слем титули, дополнително призна дека бил запрепастен од нивото на својот тенис.
– Видете, на некој начин бев шокиран од моето ниво, знаете, на лош начин. Ништо не направив во првите два сета. Да, претпоставувам дека ова е еден од моите најлоши грен- слем натпревари, колку што се сеќавам, рече Ѓоковиќ.