Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ сè уште ги разгледува опциите за следен тренер, откако објави крај на шестгодишното партнерство со Горан Иванишевиќ минатиот месец. Ѓоковиќ (36) размислува дали да го назначи Ненад Зимоњиќ за официјален тренер со полно работно време.
– Дилемата е дали треба или не треба да имам тренер. Во последните три недели добро соработувавме со Зимоњиќ како тренер, така што разговараме околку продолжување на соработката. Ќе видиме, одлуката ќе ја донесам во следниот период, дециден е Србинот.