Само 17 дена од операцијата, а Новак Ѓоковиќ е на нозе и подготвен за Вимблдон.
До пред една недела, преовладуваше мислење на сеопштата маса дека српскиот ас нема да биде подготвен за овој гренд слем турнир, но тој сепак најави дека ќе игра.
Пред почетокот на турнирот, се огласи самиот Новак Ѓоковиќ.
– Одимееее, Вимблдон! Нема подобро чувство од играњето на централниот терен на Вимблдон, порача Новак Ѓоковиќ во видео материјалот кој го сподели на Инстаграм.
Многумина веруваат дека тој не ја достигнал најдобрата форма и дека ќе има сериозни проблеми со помладите тенисери на овој турнир.