Ѓоковиќ по десетти пат спортист на годината во Србија

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ повторно е избран за спортист на годината во Србија, во изборот на Олимпискиот комитет.

За него тоа е десетто вакво признание кое го освојуваше уште во 2007, 2010, 2011, 2013, 2014, 2015, 2018, 2019 и 2020 година. Ѓоковиќ имаше одлична сезона во која триумфираше на три Гренд слем турнири, како и на завршниот Мастерс, а во меѓувреме ја мина границата од 400 недели на првото место на АТП листата.

Поради обврски, Ѓоковиќ не присуствува на церемонијата на доделување на наградите и дополнително ќе го прими признанието.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО