Ѓоковиќ падна на третото место, Синер е број 1

На најновата АТП ранг листа објавена денеска на првото место се најде Јаник Синер, кој е  првиот тенисер, Италијанец кој број 1 во светот. На второто место е победникот на Ролан Гарос, Шпанецот Карлос Алкараз, кој во финалето го победи Германецот Александар Зверев, четвртиот играч во светот.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, според многумина најдобриот досега, кој мина рекордни 428 недели на првата позиција, падна на третата позиција откако поради повреда на колеонто се откажа во четвртфиналето на Ролан Гарос во Париз.

Закрепнувањето на Ѓоковиќ по операцијата на коленото се очекува да трае најмалку три недели. Во теорија, тоа значи дека тој би можел да биде подготвен да игра на третиот грен слем годинава, на Вимблдон, што почнува на 1 јули, но тоа е речиси неверојатна опција.

Поголема е веројатноста тој да се фокусира на Олимписките игри (ОИ) во Париз, кои почнуваат на 27 јули.

АТП ранкинг, 10 јуни:

1.(2) Јаник Синер (Италија) 9.525 поени

2.(3) Карлос Алкараз (Шпанија) 8.580

3.(1) Новак Ѓоковиќ (Србија) 8.360

4.(4) Александар Зверев (Германија) 6.885

5.(5) Данил Медведев (Русија) 6.485

6.(6) Андреј Рубљев (Русија) 4.710

7.(7) Каспер Руд (Норвешка) 4.025

.(8) Хуберт Хуркач (Полска) 3.995

9.(11) Алекс Де Минор (Австралија) 3.845

10.(10) Григор Димитров (Бугарија) 3.775

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО