Ѓоковиќ: Олимписките игри во Париз се „приоритет“ годинава

Светскиот рекет број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ (36)  освојувачот на рекордни 24 грен слем турнири, посакува да освои и златен олимписки медал. Тој освои бронза во Пекинг 2008, потоа двапати го загуби натпреварот за трето место (во Лондон 2012 и во Токио 2О20), а во Рио 2016-та, беше елиминиран во првото коло

– Олимписките игри во Париз се многу важни, тоа отсекогаш ми бил приоритет. Но, на последните три или четири Олимписки игри, не успеав  да стигнам до подоцнежните фази [финалето]. Сега ситуацијата е малку поинаква. Ова ќе бидат први Игри на земјена подлога и јас сакам да бидам подготвен физички и психички, изјави Ѓоковиќ.

Олимпискиот турнир во Париз ќе се одржи кон крајот на јули на Ролан Гарос, каде што традиционално се игра Отвореното првенство на Франција, кое годинава ќе се одржи од 20 мај до 9 јуни.

Помеѓу тие настани, Ѓоковиќ ќе има за цел да ја врати титулата на Вимблдон на трева.

-Се’ е насочено кон подобрување на мојата игра nа земјениte терени. Сакам да го достигнам мојот врв vo Париз, тоа е местото каде што сакам да го играм најдобриот тенис. Сè друго е бонус, па да видиме што ќе се случи, додаде Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО