Ѓоковиќ ја разреши мистеријата: Јас немам врска со тоа, за тоа е задолжен Иванишевиќ

Новак Ѓоковиќ успешно ги мина првите две кола на Австралија Опен, но и покрај победите, тој не победуваше лесно, напротив, се мачеше, посебно во вториот натпревар против Попирин.

Големо внимание во јавноста предизвика и неговиот избор за спаринг партнер за подготовките за мечевите на Австралија Опен. Српскиот ас се подготвуваше со Двејн Свини.

Свини откри дека бил изненаден од спарингувањето со Ѓоковиќ, но дека потоа се опуштил и добро одработил.

– Не ги бирам јас партнерите, тоа го прави Горан во договор со турнирот. Со тој процес немам јас ништо, но видов една симпатична изјава и убаво интервју за мене. Би му се заблагодарил на убавите зборови, затоа што станува збор за одлично момче и мило ми е што имав можност да играм со него, пораќа Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО