Глупост на Верстапен: Настрада и Ландо Норис, а неочекувано триумфираше Расел

Возачот на Мерцедес, Џорс Расел, успеа со чуден сплет на околности, да триумфира на трката во Австрија ова попладне.

На оваа победа, му кумуваше инцидент помеѓу Макс Верстапен, кој на 7-8 кругови пред крајот беше лидер на трката, а зад него беше Ландо Норис, кој во неколку наврати настојуваше да дојде до провизорката лидерска позиција на трката.

Нивната пресметка низ шиканите, резултираше со судир и пукање на пневматиците кај двајцата, а и двајцата мораа во бокс по нов сет гуми, па така ги загубија водечките позиции напред.

Во целата таа мешаница, трпеливо чекаше младиот возач на Мерцедес, Џорџ Расел, кој на крајот успеа да дојде до важна победа за него.

Oсвен победникот Расел, на подиумот на оваа трка сосема случајно се најдоа уште и Оскар Пијастри и Карлос Саинц.

Во топ10 зона на крајот завршија уште и Хамилтон, Верстапен, Хулкенберг, Перез, Магнусен, Рикиардо и Гасли. Шарл Леклер од Ферари заврши на 11. позиција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО