Домаќинот Германија против кои игравме вчера во „Мерцедес Бенз Арената“ во Берлин, направил мал скандал со навивачите од Македонија кои беа присутни со цел да ја бодрат нашата репрезентација.
Иако бевме оправдано поразени, бидејки Германија е еден од фаворитите овде, плус домаќини, сепак во сенка на нивниот триумф, се случил несакан инцидент со македонски знамиња на наши навивачи.
Според сведочењата на македонските навивачи кои беа во салата синоќа, сведочат за тоа дека организаторот насилно одземал од нив стари македонски знамиња од Кутлеш.
Несомнено дека старото македонско знаме е симбол на „Фалангата“ каде и да игра Македонија, но сега е несфатливо зошто домаќинот се решил за отстранување на нашите знамиња.
Но како и да е, Македонците успеваа некако да внесат во салата знамиња од Кутлеш и сето тоа помине без несакани сцени, односно на трибини без македонски знамиња.