Германија ја декласира Швајцарија во Дизелдорф

Домаќинот на ова ЕП, репрезентацијата на Германија, успеа да ја прегази репрезентацијата на Швајцарија на „Шпил Арена“, каде победија со 27:14..

Во буквално исполнетиот капацитет на споменатата арена, каде собра безмалку 54.000 фанови, Германија ја декласира Швајцарија скоро со двоен резултат.

По првите 30 минути, Германија имаше солидна предност од 13:8, додека во вториот дел беа уште поефикасни, 14:6, па со севкупен резултат 27:14 остварија прв триумф на ЕП.

Германија не и дозволи во ниту еден момент на Швајцарија да дојде до резултатска неизвесност и опасноста ја неутрализираа уште во првиот дел.

Ова е важен триумф за „панцирите“, посебно за нивната самодоверба во следниот меч против Македонија на 14 јануари.

Најефикасен за Германија на оваа средба беше Јури Кнор со шест голови, кај поразената страна најдобар беше Рубин со четири погодоци.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО