Газдата на ФЦСБ, Џиџи Бекали ги смени двајцата капитени среде мечот во Скопје – кажа дека ги „отпишува“

Целосен хаос се случуваше во таборот на романскиот првак ФЦСБ за време на мечот против Шкендија во рамките на второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, одигран на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Според извештаите од романските медиуми, ексцентричниот газда на клубот, Џиџи Бекали, во текот на второто полувреме лично наредил замена на двајцата капитени – Олару и Шут – кои во 63. минута го напуштија теренот, а на нивно место влегоа Овидиу Периану и Мариус Стефанеску. Оваа одлука предизвика фрустрација кај заменетите играчи, кои јавно го изразија своето незадоволство при излегувањето од игра.

Само две минути подоцна, тимот на Шкендија го казни падот во организацијата на ФЦСБ и поведе со 1-0, што дополнително ја зголеми тензијата.

Во живо, за време на преносот на „Дигиспорт“, Бекали не се воздржа и директно ги обвини токму Периану и Стефанеску.

„Тие повеќе немаат што да бараат тука. Од утре ќе бидат избришани од европскиот список, а наместо нив ќе бидат пријавени Малком Еџума и Алекс Балута. Вакви играчи не заслужуваат место во тимот“ – изјави Бекали во текот на натпреварот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО