Дончиќ станува нов рекордер. Го обезбеди најголемиот договор во историјата на НБА

Со вклучувањето во една од трите најдобри петорки сезонава во НБА, Лука Дончиќ ги исполни сите услови за потпишување на најголемиот договор во историјата на НБА.

Во летото 2025 година, словенечкиот кошаркар, доколку реши да го продолжи договорот со Далас, ќе може да потпише продолжување во вредност од дури 346 милиони долари! Со тоа ќе го надмине рекордот поставен од Џејлен Браун минатата година за 42 милиони долари.

Во првата сезона од новиот договор Дончиќ би заработил нешто помалку од 60 милиони, а во петтата сезона би се искачил на речиси 79 милиони. Исто така, платата на Дончиќ во првата сезона би зафаќала 35 отсто од проектираниот „салари кап“. Тој би станал и првиот кошаркар кој ќе има годишна плата од 70 милиони долари.

Дончиќ моментално е под договор вреден 215 милиони долари што го потпиша во сезоната 2022/23 и е со важност до крајот на сезоната 2025/26, со опција да го продолжи за уште една година. За очекување е да не ја искористи оваа опција, туку следното лето да потпише ново продолжување и да стане рекордер.

Словенецот во петте минати сезони беше вклучен во првата петорка на НБА. Во моментов Далас маверикс во финалето на Западната конференција против Минесота Тимбервулфс води со 1:0 и се бори за место во финалето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО