Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини беше презадоволен од пласманот на Аталанта во полуфиналето на Лига Европа (ЛЕ).
Аталанта загуби од Ливерпул вчера со 0:1, но се пласираше во полуфиналето поради победата од 3:0 на првиот меч на гости.
– Многу сме среќни и од утре ќе размислуваме за следните натпревари. Ова беше малку необичен натпревар. Можете да се браните на различни начини, да чекате или да притискате. Ние ја избравме втората опција.
Бевме физички силни и го одржувавме темпото. Можеби нема трофеи во мојата кариера, но има неколку медали и мислам дека оваа елиминација на Ливерпул заслужува медал, изјави Гасперини.