Во третото коло од групната фаза на Лигата на шампиони, Галатасарај ја победи екипата на Бодо/Глимт со резултат 3:1. Два гола за турскиот тим постигна Виктор Осимен, додека третиот погодок беше дело на Јунус Акгун. За норвешкиот тим, единствениот погодок го постигна Андреас Хелмерсен. Победата ги остави Галатасарај на врвот на групата со максимални бодови
Исто така, Атлетик го совлада Карабах со ист резултат, 3:1, и ги освои првите бодови во оваа сезона на Лигата на шампионите. Стрелци за шпанскиот тим беа Горка Гурузета стрелаше два пати, додека Наваро еднаш,а погодокот за Азербејџанците го реализираше Андраде.
Со овие победи, двата тима се наоѓаат во одлична позиција за пласман во следната фаза, додека конкуренцијата во групата продолжува да биде напната.