Поранешниот фудбалски репрезентативец на Франција, Вилијам Галас, верува дека перформансите на Ерлинг Халанд се влошиле откако се соочи со посериозна повреда.
– Мислам дека Халанд не е истиот од претходно. Изминатата сезона трчаше и се бореше за секоја топка. По повредата, неговата игра се промени – вели Галас.
-Претходната сезона беше ѕвер. Дефанзивците се плашеа од неговата физичка сила. Тешко им беше да играат.Тој пропушти неколку месеци и нормално е вашата енергија да падне по подолг период на отсуство – потенцира Галас.