Французинот има само пофалби за Мудрик

Вилијам Галас, еден од прославените фудбалери на Арсенал, потенцира дека „топчиите“ направиле голема грешка бидејќи не го ангажирале Михаел Мудрик пред да замине во синиот дел на Лондон.

– Пред да замине во Челзи, за малку ќе го ангажираше, Арсенал но, тој се предомисли. Верувам дека Мудрик би можел да биде големо засилување за Артета во текот на летото, рече Галас.

Украинецот се пресели кај „сините“ во јануари 2023 година. Во сезонава на 33 натпревари постигна шест голови и направи две асистенции. Актуелниот договор му е до 2031 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО