За нешто повеќе од еден час во германски Дизелдорф ќе биде испишана историја и тоа на меч на кој ќе игра Македонија.
На стартот на ЕП во ракомет силите ќе ги одмериме против Франција, а дуелот ќе се игра на стадион на кој ќе има над 50.000 гледачи.
Трибините полека се полнат, има голема гужва на влезовите и во потрибинскиот простор, а меѓу гледачи има и солиден број Македонци.
Па така македонската фаланга нема да изостане и на овој меч и сигурно е дека ќе даде голема поддршка.