Фото на годината, Ѓоковиќ и Надал

Сликата на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал стана хит на интернет и не е ни чудо зошто, бидејќи на неа се двајца великани на тенисот и спортот воопшто.

И Србинот и Шпанецот ќе играат на Мастерсот во Индијан Велс, а веројатно не очекувале дека ќе бидат во истиот авион. Ѓоковиќ под фотографијата напиша:

„Одлично друштво на патот кон САД“.

Ѓоковиќ и Надал немаат играно од 2022 година и Ролан Гарос, а досега се сретнале дури 59 пати (30-29 за Новак).

Сите љубители на тенисот се надеваат дека ќе го гледаат својот натпревар барем уште еднаш, можеби во Индијан Велс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО