Македонската ракометна селекција по отворањето на ЕП во Германија со пораз од Франција во Дизелдорф денес имаше ден за транспорт во Берлин.
Тоа беше направено со воз, а нашата селекција за да го исполни времето додека патува го искористи на еден доста несекојдневен начин.
Познато е дека нашите ракометари во подготовките играа и покер, а овојпат се решија за нешто друго.
Имено Филип Кузмановски, Томислав Јагуриновски, Мартин Томовски и еден од физиотерапевтите си ги одмерија силите во популарната игра „Брза географија“, а судија и беше Филип Талевски.