(ФОТО) ЛШ: Наградниот фонд ќе се зголеми за половина милијарда евра

Најелитното клупско фудбалско натпреварување во светот, Лигата на шампиони (ЛШ) на УЕФА, од следната сезона ќе претрпи големи промени.

Форматот со 32 клуба, поделени во осум групи, заминува во историјата, а од следната сезона ќе се играат повеќе натпревари. Ќе се игра во единствена лига, со 36 екипи.

Според новиот формат, секоја екипа, место шест како досега, ќе одигра по осум натпревари, Тимовите веќе нема да играат против истите противници, дома и на гости, односно ќе бидат поделени во четири групи според квалитетот и резултатите, и секој тим ќе игра против две екипи од својата група, по еден натпревар дома и на гости.

Системот на бодување не се менува, што значи дека за победа се добиваат три, а за реми еден бод.

Првите осум екипи на табелата ќе се пласираат директно во осминафиналето. Тие што од 9. до 24. место на табелата продолжуваат во втората рунда (по еден натпревар дома и на гости) за пласман во осминафиналето.

Двојките во таа квалификациска фаза ќе се решаваат со ждрепка, а екипите ќе бидат поделени во две групи, носители (од 9. до 16. место) и неносители (од 17. до 24. место). Потоа, победниците ќе играат против еден од осумте најдобропласирани во Лигата.

Друго што значително се менува е системот на наградниот фонд, кој од две милијарди ќе порасна на две и пол милијарди евра! За пласман во Лигата, место досегашните 15,64 милиони ќе се добиваат 18,62 милиони евра. Победата досега вредеше 2,8 милиони, што во шест натпревари потенцијално носеше 17,4 милиони.

Во иднина клубовите ќе добиваат помалку пари за победа, по 2,1 милиони евра, но на крајот реално можат да заработат повеќе, поради повеќето натпревари. Ремито досега носеше 930.000, а во иднина 700.000 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО