Формула 1 ќе заработи 750 милиони долари од нов договор со „Епл“

Формула 1 ќе заработи неверојатни 750 милиони американски долари благодарение на нов, ексклузивен договор со „Епл“ за пренос на трките во САД.

Како што пренесуваат светските медиуми, договорот ќе стапи на сила во 2026 година и ќе трае пет години, што значи дека Формула 1 ќе инкасира по околу 150 милиони долари годишно. Новиот договор е речиси двојно повисок од претходниот, кој вредеше 80 милиони долари годишно.

 Преносите на трките ќе бидат достапни преку услугата „Епл“ TV, што претставува голем чекор за „Епл“ во спортските права, но и потврда за растечката популарност на Ф1 на американскиот пазар.

 Интересот во САД дополнително порасна по успехот на филмот со Бред Пит во главна улога, кој заработи над 600 милиони долари на светско ниво. Овој бум ја поттикна „Епл“ да вложи сериозни средства во спортот.

Со овој договор, Ф1 уште еднаш ја потврдува својата комерцијална моќ, а Ејпл добива ексклузивна содржина која ќе ја зајакне нејзината стриминг платформа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО