Формула 1: ФИА ќе воведе построги финансиски ограничувања

Светската автомобилска асоцијација (ФИА) планира да и наметне уште построги финансиски ограничувања на Формула 1 (Ф1) од 2026 година, бидејќи големите тимови успеаја да најдат начини за надминување на некои од правилата.

Буџетската граница на Ф1 беше воведена во 2021 година, со идејата дека сите тимови ќе имаат исти буџети, за да се намалат трошоците, дури и бројот на вработени.

Но, според списанието „Авто мото и спорт“, се случи спротивното. Еден од шефовите на тим во Ф1 потврдил за публикацијата дека пред воведувањето на буџетскиот плафон во големите тимови, тие вработувале во просек по 1.000 луѓе, а сега имаат по 1.500!

Како се случило тоа, со оглед на пониските трошоци? Главниот начин да се заобиколат правилата е да се внесат „привремени проекти“.

Примере за тоа е Роб Маршал, кој се пресели од Ред Бул во Мекларен, кој под водство на Кристијан Хорнер и според документите имал чудна структура на плати.

Половината од парите или 50 отсто за Маршал доаѓаат од работата на хиперавтомобилот „РБ17“, 40 отсто од обврските кон „Ред Бул Пауертрејнс“ и само 10 отсто од работата за Ред Бул Ф1. Тоа значи дека само 10 отсто од парите што ги примил Маршал одат во буџетските ограничувања.

Затоа, од 2026 година, ФИА планира да ги доведе платите на сите вработени во тимот во финансиски граници, за да се избегнат можностите за заобиколување на правилата преку плаќања за дополнителни проекти.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО