Фонсека го менува Пиоли на клупата на Милан

Пауло Фонсека (51) е новиот тренер на италијанскиот гигант, во следните три години. Тренерот кој е роден во Мозамбик, и има португалско потекло, до неодамна го водеше францускиот Лил.

Фонсека на „Сан Сиро“ на клупата на „росонерите“ ќе го наследи Стефано Пиоли кој во сезоната 2021/22 го освои „скудетото“. Фонсека веќе има искуство во италијанскиот фудбал. Во периодот од 2019 до 2021 година ја предводеше Рома, а претходно три години беше тренер и на Шахтјор Доњецк.

Во тренерската кариера Фонсека има работео во Брага, Пакос Фереира, Порто и Алавес.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО