Фофана сака да игра на „Чизмата“

Фудбалерот, Јусуф Фофана, кој беше дел од селекцијата на Франција на Европското првенство, прифатил да замине во екипата на Милан. 25-годишниот дефанзивен играч за врска на Монако сака да ја промени средината и да заигра во Сероја „А“.

Сега останува неговиот клуб и калчо-лигашот да ја дефинираат сумата за трансфер. Претходно имаше непотврдена информација дека францускиот клуб одбил понуда од 30 милиони евра испратена од англискиот Нотингем Форест.

Договорот на Фофана ќе истече договдина во јуни.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО