Флик со најголеми шанси да седне на клупата на Барса!

Според букмејкерите поранешниот селектор на репрезентација на Германија и тренер на Баерн Минхен, Ханс Дитер Флик е главен кандидат за замена на Чави на клупата на Барселона!

Назначувањето на Флик во Барса има коефициент 3,00 во обложувачниците. Втор на листата е тренерот на Арсенал, Микел Артета со (6.00), а првата тројка ја комплетира тренерот на вториот тим на Барселона, Рафаел Маркез (7.00).

Како фаворити да го заменат Чави кој на крајот од сезоната ќе си замине од „Камп Ноу“ се и: Јирген Клоп, Тиаго Мота, Роберто Де Зерби, Гарсија Пимента, Унаи Емери и Чаби Алонсо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО