Фјури од кафеана во теретана

Тајсон Фјури го доживеа првиот пораз во кариерата на 18 мај во Саудиска Арабија од Олександр Усик во борбата за апсолутен светски шампион во тешка категорија. Речиси еден месец подоцна, „Кралот на циганите“ им се врати на тренинзите и веќе ги започна подготовките за реваншот кој треба да се одржи на 21 декември во Саудиска Арабија.

Откако се врати во Британија, Фјури максимално се опушти, пред неколку дена се појави снимка обезбедувањето го исфрла Тајсон кафеана. Забележливо е дека боксерот е „мртов пијан“.

„Постигнав сè во боксот – титули, рекорди, направив многу, но никогаш не морав да се вратам од пораз“, истакнува Фјури и додава:

„На 21 декември во Ријад, во срцето на кралството, кралот ќе го врати својот престол и ќе стане апсолутен шампион на светот. Усик, доаѓам по тебе. Подгответе се за „Кралот на циганите“. Знам што треба да направам, ги видов моите недостатоци и верувајте дека сум неизбежен“, изјави Фјури.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО