Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, најави важна новина на Конгресот што се одржува во Бангкок, Тајланд.
– Ќе го развиеме и ќе подобриме ВАР-от. Тој систем веќе го користат 65 национални асоцијации, но ќе го подобруваме. Создадовме поедноставна технологија, со помалку камери и без судии кои ќе одлучуваат, така што ќе биде достапен за секого и полесен за имплементација. Тој систем веќе се тестира.
Системот ќе функционира така што тренерот на секоја екипа ќе има право двапати на натпревар да побара помош од ВАР-от. Ако првичната одлука на судијата се смени по бараната проверка на тренерот, тимот пак ќе има право на две проверки.
Доколку, по бараната проверка, ВАР ја потврди одлуката на судијата на теренот, екипата што ја побарала го губи правото на една проверка по нејзино барање, изјави Инфантино.